Image16 Јан 2014

АДИНГ АД Скопје се стекна со А – дозвола за усогласување со оперативен план

На 13.01.2014 АДИНГ доби А - дозвола за усогласување со оперативен план издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.Македонија.

Добивањето на А - интегрирана еколошка дозвола е резултат на усовршувањето и модернизацијата на производството, како и примената на строгите еколошки стандарди што се компатибилни со стандардите на Европската Унија.

АДИНГ е македонска компанија за производство на хемиски материјали за градежништвото, основана во 1969 година со 45 годишно искуство, извозно ориентирана во повеќе од 13 држави во светот. Како докажана општествено одговорна компанија, еден од приоритетите на менаџментот е грижата за животната средина, кој е втемелен во деловната политика на АДИНГ.

Известување за добивање на А – дозвола

А - дозвола за усогласување со оперативен план