Image29 Мар 2020

АДИНГ СО ДОНАЦИЈА НА МАТЕРИЈАЛИ И ИЗВЕДБА УЧЕСТВУВАШЕ ВО ИЗГРАДБАТА НА МОБИЛНА ВОЕНА БОЛНИЦА „РОЛ-2“ ВО БЛИЗИНА НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА-СКОПЈЕ

АДИНГ направи донација во материјали и изведба, за поставување на хидроизолациона заштита на објектот „МОБИЛНА ВОЕНА БОЛНИЦА „РОЛ-2“. Притоа, изведбата на позицијата е целосно завршена на
30.03.2020 година, додека одлуката за донација во материјали и изведба во износ до 15.000 евра, беше донесена на итна вонредна седница на УО на АДИНГ одржана на 27.Март.

Вредноста на донацијата по целосно завршената работа и предавање на објектот од наша страна, изнесува 15.358 евра.

Изведбениот стручен тим на АДИНГ во координација со одговорните од Армијата, вложија максимални напори за итно завршување и ставање во функција на овој стратешки значаен објект за државата.

Нашиот стручен тим – нашите херои, кои беа 24 часа на терен се:

Управителот на ИНВЕСТ А, инж. Смилевски Сашко одговорен за проектот и оперативниот инж.Батев Мирко со својата специјализиран екипа: Стојанов Драган, Саитов Исмаилаки, Трпевски Слободан, Јусуфи Бислим, Исмаил Абдурахман, Трпевски Давид, како и возачот комерцијалист од АДИНГ Исени Исмаили и инж. Дамчевски Бојан како инженер за логистика на проектот.

Генералниот директор Благоја Дончев, кој ја координираше работата на овој проект, во свое име и името на Управниот одбор, им благодари за нивната несебична посветеност и постојан вонреден ангажман.

Известуваме дека на 25. Март АДИНГ времено го промени логото и слоганот „состојка на секоја градба“ кој сега гласи „растојанието е клучна состојка за нашето здравје“.

Со оваа промена ги поддржуваме сите напори на пошироката заедница и здравствените препораки, како единствен начин да го спречиме ширењето на COVID-19. Исто така, со ова искажуваме поддршка на вработените во јавните служби, кои се на првата линија на фронтот во борбата со COVID-19.