Image31 Мај 2021

НА 28. МАЈ, ОДБЕЛЕЖАНИ 52 ГОДИНИ АДИНГ

52-риот адингов ден годинава беше одбележан на 2 дена пред официјалниот роденденски датум 30.Maj, кога во 1969 година е основан АДИНГ. Настанот се одржа во фабричкиот двор, во редуцирана форма од вообичаената и под сите мерки за претпазливост согласно Ковид протоколите.

Во оваа прилика беше организирано:

-          Доделување на јубилејните награди за вработени кои навршиле 10 години, 20 години, 25 години и 30 години работен стаж во компанијата.

-          Доделување на Реплика од молекулот - симболот на Адинг, како признание на наши поранешни вработени

-          Доделување на Реплика од молекулот – симболот на Адинг во голем формат и посебна посвета за јубилејните години на ќерките фирми Бизнис Центар Адинг (30 г.)  Инвест А (20 г.)

Присутните славеници ги поздрави Претседателот на управниот одбор и генерален директор Благоја Дончев, а подоле неколку извадоци од неговото обраќање:

„52 години поминаа од 1969-тата и моментот на основањето на АДИНГ. Ова можеби од денешна перспектива е далечна историја, но претставува голема обврска за секој од нас. Секој од нас има обврска да ги штити брендот и компанијата, да придонесе за нивниот развој и на тој начин заеднички да ги одржиме. Ние сме автентична, наша, македонска компанија која ги надминува границите на сопствената држава и треба да сме горди на тој факт

„Бизнис Центар АДИНГ е нашата најстара ќерка фирма, првиот профитен центар и нашата продолжена рака која 30 години го следи и надополнува АДИНГ. Во својата понуда, БЦА нуди градежни решенија и иновативни концепти од различни европски и светски брендови и ги прави достапни на македонскиот пазар

„ИНВЕСТ А денес е препозната како компанија која има знаење и вештини за многу специфични градежни проблеми. Компанија која во овие 20 години изгради сериозно портфолио и која организациски и оперативно е подготвена да одговори на секој специфичен градежен предизвик

На доделувањето оправдано беа отсутни наши вработени, славеници од ќерките фирми во странство Адинг Бугарија и Адинг Белград.

 Подоле фотографии од настанот:

Награди за вработени со 10, 20, 25 и 30 години работен стаж во компанијата:

Признанија за поранешни вработени:

Јубилеен подарок за ќерките фирми „30 години Бизнис Центар Адинг“ и „20 години Инвест А”: