Image17 Окт 2019

Признание за успешна соработка со Градежниот факултет

Градежниот факултет при УКИМ годинава слави 70 години постоење. Во рамките на свечен настан одржан во рамките на факултетот, беше доделена плакета за успешна долгогодишна плодна соработка на факултетот со Адинг.

Адинг континуирано соработува со Градежниот факултет на разни проекти и иницијативи каде што нашите производи и know how се од корист или во насока на нивна поддршка.

Покрај тоа, ние како компанија која голем дел од своите вработени ги добива од оваа институција, и постојано вложуваме во развој на младите, секоја година доделуваме парична наградa за дипломска работа од областа на градежништвото на еден студент од Градежниот факултет.

Годинава, добитник на ова признание е Александар Волчески чија дипломска работа е на темата: „Фактори кои влијаат при избор на тунел кај инфраструктурен проект“.