Image24 Јун 2024

АДИНГ СО ПОДДРШКА И УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО-СТРУЧНО СОВЕТУВАЊЕ ВО ВРЊАЧКА БАЊА, Р. СРБИЈА

Од 19.06 до 21.06.2024 се одржа  XIII Меѓународно научно-стручно советување на тема „ПРОЦЕНКА НА СОСТОЈБАТА, ОДРЖУВАЊЕ И САНАЦИЈА НА ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ”.

АДИНГ заедно со АДИНГ Белград и овој пат беше генерален спонзор на настанот кој е во организација на Друштвото на градежни инженери на Србија, а кои на едно место ја собраа дел од градежната научна и стручната фела од регионот.

Никола Узунов дел од тимот на Техничка Примена имаше комерцијално претставување на компанијата, додека Диме Јанчев, директор на Институт и Производство имаше презентација на тема „Малтери за одржливо градење“.

Сите присутни на симпозиумот беа наши гости на тематската „Македонска винска вечер“ во која уживавме во вината на винаријата „Попова кула“.

На фотографиите дел од атмосферата: