Image7 Окт 2024

Адинг на Скопски Маратон 2024

На годинешниот 20-ти јубилеен „ВизЕр Скопски маратон“ кој се одржа на 06.10.2024 во Скопје настапија рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји.

Во однос на претходните години, годинава бевме најбројни, приближно 40 претставници трчаа на хуманитарната трка од 5км, а имавме и еден полумаратонец на 21км.

Со вкупно пресметано време од 1:39:16, тимот на Адинг во машка конкуренција го зазема 18 место од 199 компаниски тимови учесници, додека во женска конуренција бевме на 36-то место со време  2:06:52.

Најбрзите наши вработени во машка и женска конкуренција (5 км) како и вработените кои успешно го завршија полумаратонот (21км), се добитници на интерни награди од АДИНГ.

Честитки за учесниците, догодина уште побројни и поуспешни!