
ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБАР МАГИСТЕРСКИ ТРУД НА СТУДЕНТ ОД ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ
На свечената церемонија за доделување дипломи, одржана на 30.05.2025 година на Градежниот факултет, ја доделивме наградата за најдобра магистерска работа од областа на градежништвото, во која се применети материјали од Адинг. Ова е наша традиција и една од многуте соработки кои ги имаме со Градежен факултет од Скопје.
Оваа година добитник на наградата е д.г.и. Марко Ѓорѓиоски, за неговиот магистерски труд на тема: „Анализа на влијанието на минералните додатоци врз својствата на самозаздравувачкиот бетон“.
Им честитаме на сите дипломирани инженери и магистри и им посакуваме многу успех и достигнувања во нивната професионална кариера во градежништвото.
.
* Наградата доделена од д.г.и. Никола Узунов, Водечки менаџер во Техничка примена