
Одбележани 38 години од трагичната несреќа во АДИНГ
Во знак на сеќавање на вработените кои го загубија животот во тешката фабричка несреќа во АДИНГ, денес, на 12 мај, беше положено свежо цвеќе на нивното спомен-обележје. Присутните им оддадоа почит со минута молк.
Трагичниот настан се случи на 12 мај 1987 година, кога ненадејна експлозија во кругот на фабриката ги однесе животите на седуммина наши вработени:
Драган Дугалиќ – д.г.и.;
Зоран Тодоров – техничар;
Љупчо Зилковски – техничар;
Халим Рамадан – процесен работник;
Нехат Муртези – процесен работник;
Сали Шаќири – виљушкарист;
Слободан Петровски – виљушкарист.
Слава им!