Image28 Мај 2012

Доделена награда за најдобра дипломска работа на Градежен Факултет

Секоја година, традиционално, Адинг доделува награди на најдобрите студенти од Градежен факултет, кои при изработка на дипломската работа ги примениле материјалите од производната програма на Адинг.

Годинава, добитник на наградата е Катерина Велеска од "Градежен факултет" - Скопје со тема: "Идејно решение за брана со придружни објекти Доње Луко". На церемонијата на доделувањето на дипломите на сите студенти им беа доделени подароци – репрезентативни материјали од Адинг.

Во прилог, фотографии од доделувањето на дипломите: