Image5 Јун 2018

49-ТИ АДИНГОВ РОДЕНДЕН – ФАМИЛИЈАРЕН ДЕН ЗА ВРАБОТЕНИТЕ

Вообичаено на крај на месец Мај, го прославуваме роденденот на Адинг, а годинава настанот се одржа на 30-ти Мај, денот кога е основана компанијата во 1969 година.
Попладневните часови од овој ден ни беа резервирани за дружење на вработените и нивните семејства, на фамилијарен пикник во дворот на фабриката.
На настан беа доделени јубилејните награди за вработените, а беа врачени и рачно изработени реплики од „Молекулот – симболот на АДИНГ”, како признание за поранешни
наши вработени, кои биле дел од Адинг повеќе од 25 години или пак имале значаен придонес во работата на нашата компанија.
Дел од атмосферата на фотографиите подоле.