Image1 Мар 2017

АДИНГ – добитник на награда за филантропија

На овогодинешното доделување на наградата ОКО, нашата компанија ја доби наградата за корпоративна филантропија за средно претпријатие. Станува збор за признание кое традиционално го доделува здружението ХОРУС.


Адинг во 2016 година се истакна преку бројни донации во материјални средства како поддршка на жителите на поплавените подрачја во Скопско, како и преку донации на свои производи - градежни материјали за реновирани на објекти од јавен интерес и културно-историски споменици. Дониравме и материјали за изработка на макети за потребите на студентите на Архитектонскиот Факултет во Скопје.

Наградите за филантропија ОКО се реализираат во рамки на проектот SIGN имплементиран од SIGN - регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а со финансиска поддршка на Европската унија и Балканскиот фонд за демократија. Целта е да им се даде можност на граѓаните, јавните институции, граѓанските организации и крајните корисници на донациите јавно да ја искажат својата благодарност кон донаторите. Од друга страна, наградите им даваат можност на донаторите да добијат поголема поддршка од јавноста за проектите во кои веруваат и со кои навистина придонесуваат за заживување и развој на вредности како солидарност, почит, етичност, хуманост и добротворство.