Image19 Мар 2011

Адинг презентација во Битола

На 17.03.2011 во Битола се одржа и третата презентација на АДИНГ и Бизнис Центар АДИНГ од серијата заеднички презентации, предвидени за месец март низ Р.Македонија. На презентацијата на кратко беше претставена компанијата и целата производна програма: адитиви за бетони и малтери, репарација на бетони, хидроизолации, индустриски и спортски подови, градежни лепила, декоративни премази и малтери итн.

Бизнис Центар АДИНГ, се претстави со дел од својата продажна палета и неколкуте ексклузивни брендови кои ги застапува на пазарот во Р.Македонија и пошироко.

Следните презентации продолжуваат според следниов распоред:
22.03.2011 во Гостивар за регионот на Гостивар, Тетово и Кичево во зградата на општина Гостивар во 13:00 ч.
24.03.2011 во Охрид за регионот на Охрид, Струга и Дебар во х.Гранит во 13:00 ч.