20 Дек 2016
                    Годишен завршен состанок на Групација Адинг за 2016-та
Во периодот од 2-ри до 4-ти декември, беше одржан Завршниот годишен состанок на групацијата Адинг за 2016 година, кој годинава беше организиран во Врњачка Бања, Србија.
На состанокот беа присутни членовите на Управниот и Надзорниот одбор, секторските директори, раководителите на служби и дел од вработените, како и управителите на ќерките фирми од Р. Македонија, Р. Србија и Р. Бугарија.
 Беше разгледано работењето на сите фирми членки на Групацијата АДИНГ за 2016-та година и беа презентирани
плановите за работа за 2017-та година. Воедно, беше одржан и состанок на техничка група на кој беа анализирани различни технички проблеми со кои се соочуваат нашите инженери во секојдневието, потребата од нови производи кои би се пласирале на пазарот како и останати консултации за унапредување на продажбата. 




                                MK 
                           
                            
                                            EN
                                            SHQ
                                            BG
                                            RS