Image10 Мар 2014

Групацијата Адинг на Саем на градежништво 2014

Заедно со уште околу 300 компании од градежниот сектор, Групацијата Адинг зеде учество на 11-тиот Меѓународен саем за градежништво, градежни материјали и градежна механизација 2014.

Саемот го отвори заменик претседателот на владата на Република Македонија и министер за финансии м-р Зоран Ставрески, кој го посети нашиот штанд и се информираше за работењето на Адинг и нашите инвестиции и пласмани на странските пазари.

Групацијата Адинг се претстави со новитетите во своите производи и услуги. За прв пат, беше прикажана и кровна градина проектирана од Биро Проект, изведена од Инвест А со материјали од Адинг и Бизнис Центар Адинг.

Студентите од Градежниот факултет во Скопје се редовни посетители на нашиот штанд, па и годинава им беше презентирана нашата компанија и производната програма.