Image27 Мар 2020

Растојанието е клучна состојка за нашето здравје!

Растојанието помеѓу нас е од клучно значење за стопирање на пандемијата со COVID 19. Затоа нашето лого времено го трансформираме следејќи ја оваа иницијатива во светски рамки, а нашиот слоган „состојка на секоја градба“ го трансформираме во „растојанието е клучна состојка за нашето здравје“. Со оваа промена ги поддржуваме сите напори на пошироката заедница и здравствените препораки, како единствен начин да го спречиме ширењето на COVID-19.

Останете безбедни!