Image12 Дек 2025

СООПШТЕНИЕ ЗА ТРАГИЧЕН НАСТАН

Денес (12.12.2025) во утринските часови се случи несреќен случај во еден од нашите производствени погони, каде животот трагично го загуби наш вработен.

Веднаш беа известени сите надлежни служби и согласно процедурата беше извршен увид и составен записник. Институциите спроведуваат истрага за да се утврдат околностите кои довеле до несреќата. 

Адинг ги става на располагање сите свои човечки и материјални ресурси со цел да помогне во процесот на истрага и да се откријат причините за несреќата.

Длабоко сме потресени од овој настан, кој се случи на долгогодишен наш вработен и исклучителен професионалец.

Нашите мисли сега се со неговото семејство, со кои сочувствуваме и на кои ќе им ја обезбедиме целата неопходна поддршка.