Image6 Апр 2017

Хидроизолација на проодна кровна тераса и балкон

Рамните кровни конструкции и балконите претставуваат елементи на објектот кои се најмногу изложени на надворешни атмосферски влијанија. Во зависност од потребите, рамните кровови можат да бидат решени како проодни, непроодни или зелени кровови. Согласно типот на рамен кров се одредуваат и материјалите за изведба и завршната обработка.

 

1. Хидроизолација на проодни кровни тераси

Ќе се задржиме на проодни кровни тераси и балкони и решавање на хидроизолацијата на тие површини како предуслов за долготрајност на објектот. При проектирање и изведба на хидроизолација на проодни кровни тераси и балкони или санација на стара хидроизолација, во предвид треба да се земат влијанијата на кои е изложена терасата или балконот, нагибот на подлогата и типот на подлога (монолитна или монтажна) врз која се изведува хидроизолацијата.

Ќе издвоиме пример решенија за хидроизолација на проодни кровни тераси и балкони кои се покажаа како успешни и ги задоволуваат барањата за функција на хидроизолацијата (ДЕТАЛ 1 и ДЕТАЛ 2), употребувајќи ги производите на АДИНГ и TPH (Германија).

Завршната армирано бетонска плоча која е подлога за целиот кровен систем потребно е да биде водонепропусна и со затворена структура. Бетонот мора да биде правилно вграден и негуван без појава на пукнатини. Од тие причини при производство на бетон препорачуваме истовремено користење на два типа на адитиви: СУПЕРФЛУИД -  суперпластификатор со висок степен на редукција на вода и ХИДРОФОБ 21 - адитив за бетон и малтер наменет за спречување на капиларната апсорпција и формирање на водонепропустливи површини.

Врз бетонската подлога коа треба да биде стара најмалку 28 дена, се изработува хидроизолација со ХИДРОМАЛ -  готова смеса за изведба на крута хидроизолација на цементна основа, подготвена со специјално селектиран цемент, висококвалитетни полнила и прашкасти адитиви. Се користи како хидроизолација за објекти изложени на позитивен и негативен хидростатски притисок. Се нанесува на бетонска и цементна подлога. Материјалот се подготвува со додавање на чиста вода и се меша до потполна хомогенизација по што се нанесува на подлогата со четка или со челична глетарка.

Врз изведената хидроизолацијата со ХИДРОМАЛ препорачуваме да се постави фолија за издначување на парен притисок – парна брана, термоизолација и ПЕ фолија.
При изведбата на армирано бетонската кошулка за пад со минимална дебелина од 8 см потребно е во бетонската мешавина да се додаде адитив за водонепропусност ХИДРОФОБ 21 со дозажа од 0,8 % од масата на цeментот.

При монтирање на сифонот потребно е иститот да се фиксира и да се залее отворот. За таа намена ќе го употребиме материјалот ЕКСМАЛ - еднокомпонентен, саморазлевачки, готов малтер на цементна основа наменет за залевање пресеци (за залевање анкери, подлевање лежишта на носачи, крански греди, машински лежишта, залевање вертикални и хоризонтални отвори во бетонски елементи и конструкции). Овозможува висока почетна и крајна јакост на притисок. Дополнително споевите ќе се обработат со трајноеластичен кит FIX-O-FLEX – еднокомпонентна пастовидна заптивна смеса која при контакт со влага се преобразува во еластичен производ.

Врз армирано бетонската кошулка за пад се изведува хидроизолација со ХИДРОМАЛ ФЛЕКС 1 - двокомпонентна еластична хидроизолација на цементна основа, подготвена со специјално селектиран цемент, висококвалитетни полнила, адитиви и полимери. Се користи како хидроизолација за објекти изложени на позитивен и негативен хидростатски притисок. Се нанесува врз бетон, цементен малтер или гипскартонски плочи. Материјалот се подготвува така што на течната компонента (Б) со постојано мешање се додава прашкастата компонента (А) и се мешаат бавно до потполна хомогенизација по што се нанесува на подлогата со четка во два или три слоја.

 

Врз изведена хидроизолација со ХИДРОМАЛ ФЛЕКС 1 на површината се преминува кон лепење на керамички плочки со ХИДРОКОЛ СП – еднокомпонентно водонепропусно лепило за плочки, произведено на цементна основа и полимерни додатоци. Лепилото е наменето за лепење на подни и ѕидни плочки изложени на надворешни влијанија, влага и вода. Се нанесува на здрава подлога од бетон, цемент или продолжен малтер. Се припрема со додаток на вода и се нанесува со глетарка или шпахтла по површината каде се лепат плочките. За исполна на фугите се користи ФУГОФИЛ – водоотпорна смеса за фугирање на цементна основа за исполнување фуги со ширина до 5mm кај хоризонтални и вертикални површини поплочени со керамички, мермерни, стаклени, камени или бетонски плочки. Се употребува за фугирање во санитарни јазли, кујни, балкони, базени, скалишта, холови, магацини, производствени погони и сл. Смесата се подготвува со додавање на вода а се нанесува со гумена глетарка на површината до исполнување на фугите. 

ДЕТАЛ 1: Хидроизолација на проодна кровна тераса

За дополнително обезбедување на спој хоризонтала со вертикала се предлага обработка со PROOFMATE FD FOIL – Еластична хидроизолациона фолија на база на EPDM (етилен пропилен диен кополимер), залепена со трајноеластичен кит FIX-O-FLEX и китирање на спојот вертикална и хоризонтална кер. плочка (Детал 1. a).

Температурните разлики ( -20˚C до +40˚C)карактеристични за нашето поднебје, предизвикуваат собирање и ширење на конструкцијата. За да не дојде до пукнатини препорачливо е да се направат работни фуги во армирано бетонската кошулка на полиња од 9-12 м² истите да се исполнат со трајноеластичен кит FIX-O-FLEX, да се покрие работната фуга со PROOFMATE FD FOIL залепена на FIX-O-FLEX. Дополнително, пожелно е фугата на керамичките плочки да се преклопува со работната фуга на кошулката и да биде исполнета со трајноеластичен кит FIX-O-FLEX. ( Детал 1. б)

2. Хидроизолација на балкон


Покрај горенаведените препораки за употреба на материјалите за изведба на хидроизолација, со ДЕТАЛ 2 прикажан е пресек на конструкцијата на балкон и дадено е решение за хидроизолација.


ДЕТАЛ 2: Хидроизолација на балкон

Дополнително во ДЕТАЛ 2. а и б. дадени се решенија за обработка на спојот хоризонтала и вертикала и обработка на спојот на конструкцијата со профил од балконска врата со АДИНГАКРИЛ -  Еднокомпонентен водонепропусен еластичен акрилатен кит.

Подготвил: Радица Ѓонеска  д.и.а.