Успехот на една компанија се гледа не само во резултатите туку и во она што таа го прави за заедницата и околината во која дејствува.
Општествената одговорност и грижата за општото добро е не само обврска, туку и претставува задоволство за „АДИНГ“. Ова се дел од секојдневните активности и развојните планови на компанијата.

Производите кои ги дистрибуираме се со висок и постојан квалитет, а постојано се усовршуваат и унапредуваат се со цел задоволување на потребите и барањата на нашите клиенти.
Сите наши објекти се проектирани и изградени на начин кој обезбедува заштита на околината, а мерките за заштита при работа се почитуваат во рамките на целата компанија.

„АДИНГ“ има добиено повеќе награди и признанија од областа на екологијата – меѓу кои: наградата за најеколошка компанија, фирма со успешна примена на ISO 14001 и придонес за зачувување на животната средина во 2010 година и наградата за најдобро уреден двор на стопански објект во град Скопје во 2013 година.

 slika-dvor

Ка­ко 100 % ма­ке­дон­ска ком­па­ни­ја, чие се­ди­ште и цен­тар на ра­бо­те­ње­то е во Р. Ма­ке­до­ни­ја, ус­пеш­но гра­ди­ме и не­гу­ва­ме дол­го­го­диш­ни ре­ла­ции со за­ед­ни­ца­та во ко­ја де­лу­ва­ме. Оп­штес­тве­на­та од­го­вор­ност и гри­жа­та за оп­што­то до­бро е дам­не­шен им­пе­ра­тив во на­ше­то ра­бо­те­ње и е со­ста­вен дел од актив­но­сти­те и раз­вој­ни­те пла­но­ви на ком­па­ни­ја­та. Со по­мош и под­др­шка за фа­кул­те­ти­те, на­уч­ни­те и истра­жу­вач­ки­те ин­сти­ту­ти, ор­га­ни­за­ции и друш­тва, ка­ко и оста­на­ти­те јав­ни кул­тур­но-оп­штес­тве­ни ин­сти­ту­ции, мно­гу­па­ти сме ја до­ка­жа­ле на­ша­та под­го­тве­ност да по­мог­не­ме и да по­да­де­ме ра­ка.  Оваа кор­по­ра­тив­на вред­ност на Адин­го­ви­от бренд е до­каз за на­ша­та инк­лу­зи­ја со оп­штес­тво­то и за опре­дел­ба­та актив­но да де­лу­ва­ме за да соз­да­де­ме по­до­бро утро за си­те нас.

Оваа оп­штес­тве­на и со­ци­јал­на ин­те­рак­ци­ја, но се­ка­ко и транс­па­рент­но­ста во ра­бо­та­та на ме­наџ­мен­тот, ква­ли­те­тот и га­ран­ци­ја­та за про­из­во­ди­те и ус­лу­ги­те кои ги ну­ди­ме, ка­ко и гри­жа­та за жи­вот­на­та сре­ди­на, ја гра­дат сли­ка­та и за нас ка­ко ком­па­ни­ја, но и за лу­ѓе­то на АДИНГ и зем­ја­та од ко­ја по­тек­ну­ва­ме.

Со вос­по­ста­ву­ва­ње­то со­ра­бо­тка со не­кол­ку ви­со­ко­о­бра­зов­ни ин­сти­ту­ции: Гра­деж­ни­от фа­кул­тет, Ар­хи­те­ктон­ски­от фа­кул­тет и Тех­но­ло­шко-ме­та­лур­шки­от фа­кул­тет при УКИМ, АДИНГ во кон­ти­ну­и­тет го под­др­жу­ва раз­во­јот на мла­ди­те ка­дри. До­пол­ни­тел­но, се­ко­гаш сме отво­ре­ни за со­ра­бо­тка по про­е­кти и ини­ци­ја­ти­ви ка­де што на­ши­те про­из­во­ди би­ле од ко­рист или во на­со­ка на нив­на под­др­шка. Ту­ка се и број­ни­те до­на­ции за по­мош на из­град­ба на цр­ков­ни об­је­кти и ма­на­сти­ри, за за­шти­та на спо­ме­ни­ци на кул­ту­ра­та, под­др­шка­та за мар­ги­на­ли­зи­ра­ни гру­пи, за учи­ли­шта­та, за обра­зов­ни и кул­тур­ни ин­сти­ту­ции, ка­ко и под­др­шка­та на си­те зна­чај­ни на­ста­ни од об­ла­ста на гра­деж­ниш­тво­то и ар­хи­те­кту­ра­та во зем­ја­та (Го­ле­ма­та го­диш­на на­гра­да за ар­хи­те­кту­ра).

 

 

Принесувањето за подобрувањето на квалитетот на животот на нашата заедница била и ќе остане една од нашите најважни цели и насока во која ќе продолжиме да дејствуваме и понатаму.